Шопска салата
Состојки
- 2-3 домати
- 1 главица кромид
- 1 зелена пиперка
- 200 гр. овчо сирење
- 1 краставица
- масло и сол
Подготовка
Доматите и излупената краставица исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата пиперка и нарендајте го сирењето.