Испечати

Чоколаден леб

Чоколаден леб

Состојки

  • 75 гр шеќер
  • 10 гр сол
  • 250 мл ладна вода
  • 15 гр свеж квасец
  • 500 гр брашно
  • 30 мл млеко
  • 70 гр маргарин (може и масло)
  • 200 гр чоколада ( 100 гр рендана на покрупно а 100 гр на поситно)

Подготовка

Во длабок сад се става брашното. Во него се додаваат сите состојки освен чоколадата. Се меси тестото додека да се формира убава топка. Потоа се става на работна површина и се меси уште 10 минути.
На работната маса се става целата рендана чоколада и се соединува со тестото.
Се меси уште 2 минути, Тестото се остава во длабок сад, се покрива и се остава да одстои 30 минути.
Потоа се размесува и се става во подмачкано тавче, јас користев и доволно е едно правоаголно тавче.
Се остава да одстои уште 45 минути пред печење.
Потоа се пече во загреана релна на 200 степени и се пече 25-30 минути.
Одкако ќе биде испечено и ќе се исклучи релната се остава да постои околу 15 мин во толпа релна.

Одкако го направив ова чоколадно лепче утврдив дека добро би било доколку се додадат и малку сецкани ореви.