Колач со афион
Состојки
- 4 шољи (250 мл) брашно
- 3 шољи (250 мл) млеко
- 2 шољи (250 мл) шеќер
- 1 шоља (250 мл) зејтин
- 100 гр афион во зрна
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка пециво
- чоколадна глазура
- 2 лажици шеќер во прав
- 6 лажици вода
- 200 гр чоколадо за готвење
- 3 лажици зејтин
Подготовка
Измшајте ги убаво сувите состојки во подлабок сад. Потоа додадете ги зејтинот и млекото. Измешајте убаво да добиете хомогена смеса.
Смесата сипете ја во плех или тепсија со број 36 и ставете да се пече во загреана релна на 200 степени околу 45-50 мин.
Готовиот колач оставете малку да се излади и полијте го со чоколадна глазура.
Подготовка на глазурата.Сите состојки варете ги на пареа додека убаво не се растопи чоколадото.
Овој колач е многу едноставен, а многу вкусен