Кифлички со витамини
Состојки
- 1 кг брашно
- 150 мл масло
- 1 свеж квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажица шеќер
- 2 таблети Ц витамин (по 500 мг)
- млеко по потреба
- вода и 1 лажиче сол за варење, плус 200 гр. сусам
Подготовка
Квасецот најпрво ставете го да скисни, па потоа ставете ги другите состојки и направете меко тесто. Витаминот здробете го и растворете го во млакото млеко.
Оставете го тестото половина сат да се одмори.
Потоа кинете парчиња (за помали кифлички 100, а за поголеми околу 50)
Од секое парче расучете форма на јзик и завиткајте ја кифличката.
Во тенџерче зовријте 500 мл вода со 1 лажиче сол и секое кифличе ставете го во водата па испрпелајте го во сусамот.
Печете ги на 180 степени додека малку не поруменат.