Испечати

Ќебапчиња од леб

Ќебапчиња од леб

Состојки

  • 1 бајат леб
  • 200-250 мл млеко
  • 1 лаж зачин, оригано, малку сол
  • 1 лаж презла
  • 1 чаша сецкана салама ( чаша од 200 мл)
  • 1 чаша сецкано сирење ( или кашкавал)
  • 2 белки
  • 50 гр презла ( за валкање)

Подготовка

Лебот се ситни на мали парчиња. Потоа се става во длабок сад и во него се додаваат останатите состојки. Смесата треба да биде со густина за да може да се прават топчиња или ќебапчиња.
Одкако ќе се подготви се валка во изматена белка со вилушка и во презла.
Се пржи во загреано масло.
Одкако ќе се извадат се ставаат во чинија обложена со хартија(салфетка) за да впие вишокот од масло.