Испечати

Тортелини во сос

Тортелини во сос

Состојки

  • 250 гр. тортелини(со вкус на сирење)
  • 200гр. чаден свински врат
  • 200гр. печурки
  • 200мл. неутрална хопла
  • 1 лажичка кари, сол, бибер
  • 200гр. кашкавал

Подготовка

Чекор 1 : се ставаат тортелините во вода која врие за да се сварат.

Чекор 2 : во тава се пржат печурките, чадениот свински врат (исецкан на коцки) и од кога ке се испржат се додава хоплата, карито, сол и бибер (се остава да се вари 5-7 мин)

Чекор 3 : во тава за печење се ставаат сварените тортелини, се полеваат со сосот и се ставаат во загреана рерна да се печат 15-20 мин на 220 степени

Чекор 4 : откако ќе заруменат се додава кашкавалот одозгора и се оставаат уште 5 мин. за да се растопи

Чекор 5 : Се служат топли