Испечати

Ванилички со калапи

Ванилички со калапи

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 пециво
  • 2 ванила
  • 100гр маргарин
  • 2 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 1/2 лажица сол
  • 100 мл млеко

Подготовка

Сите состојки се мешат и се сучи кора. Од кората со калапчињата се вадат форми. Секоја форма се премачкува со белка ( јас за да не кршам друго јајце, од смесата што се ставаат две јајца , од едното јајце ја тргам белката) и одозгора се става шеќер. Се стават во релна и се печат 15 минути. Се декорираат по желба, со топено чоколадо или мрвици.