*Чоко-Локо-коцки*
Состојки
- ТЕСТО*
- 3 јајца
- 7 лажици шеќер
- 9 лажици млеко
- 9 лажици масло
- 9 лажици брашно
- 1 пециво 1 лажица какао
- ШЕРБЕТ*
- 150мл вода
- 300гр шеќер
- КРЕМ*
- 1 литар млеко
- 4 пудинга од чоколадо
- 20 лажици шеќер
- 250гр маргарин
- 200гр еурокрем
Подготовка
Прво се прави пандишпанот. Се печи и се лади. Се прелива со топол шербет.
Се прави кремот од 4 пудинга и кога ќе се олади се меша со избиениот маргарин и се додава еурокремот.
Ова се печи во плех 25х28 или во округла тава бр 28. Пандишпанот може да се дуплира и да дојде тестото подебело.
Овој колач стои цело време во плехот.
Пријатно!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер