Испечати

Бисерни школки

Бисерни школки

Состојки

  • Тесто
  • 2 шољи мелени бисквити со путер
  • 1 шоља мелени ореви
  • 1 шоља шеќер во прав
  • 1 јајце
  • рум по вкус
  • Фил
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици млеко
  • 50 гр чоколадо
  • 200 гр маргарин

Подготовка

За тестото:
Јајцето малку сварете го на пареа, па заедно со другите состојки направете тесто. Ако е потребно, ставете и лажица, две шербет.

За филот
Сите состојки, освен маргаринот, сварете ги на пареа, па кога ќе се олади измешајте ги со измиксаниот маргарин.
Од тестото земајте парчиња со големина на орев и формирајте половинки школки со помош на калапче.
На секоја втора половинка ставете од филот со помош на шприц и затворете со друга половинка. Можете да ги украсите со украсно бонбонче.