Маринирани пилешки крилца со мед и пиво
Состојки
- 5-6 пилешки крилца
- 250 мл пиво
- 2-3 лажици мед
- 1 лажица мешан зачин
- 500 гр компири
Подготовка
Во сад ја правиме маринадата од пивото, медот и зачинот. Ги прпелкаме крилцата во неа и така ги оставаме да отстојат во фрижидер околу еден час. Ги вадиме крилцата од фрижидерот и ги ставаме во тепсија. Компирите претходно ги лупиме, ги сецкаме и нив ги ставаме во тепсијата. Печеме во загреана рерна додека не поруменат убаво крилцата...