Велигденска салата
Состојки
- 4-5 варени јајца
- 3 компири поголеми
- 200гр сирење
- 1тегличка мајонез
Подготовка
Прво се ренда еден ред компир, па се посолува и се мачка со мајонез, над него се рендаат две јајца и над нив се мачка мајонез, над мајонезот пак рендан компир, мајонез, јајца и најгоре рендано сирење и декорација по желба
Оваа салата си ја нареков Велигденска за варените јајца да се искористат на повеќе начини.