Испечати

Шишарки

Шишарки

Состојки

  • 1 кутија чоко попс
  • 1 маргарин
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 6 лажици мед
  • 200гр ореви
  • 1 пакетче препечен сусам

Подготовка

Во тенџере на оган се става маргаринот да се растопи.
Откако ќе се растопи се става и чоколадото да се растопи, па се додава медот.
Кога ќе се соедини се додаваат сецкани оревите, пакетчето сусам, чоко попсот и се заедно се промешува и се остава да се олади.
Калап - се зема капачето од цедалката за лимон и се полни со смесата.