Испечати

Јафа колачи

Јафа колачи

Состојки

  • 4 јајца
  • 4филџани шеќер
  • 4филџани зејтин
  • 600-700гр брашно
  • 1 пециво
  • 2 ванили
  • 1 портокал
  • 1/2тегла мармалад по желба-кајсија,слива
  • 100гр чоколада за кување за декорација

Подготовка

Се замесува тесто од сите состојки и убаво се меси додека шекерот не се растопи.Од тестото се зема со рака мали топчиња или пак се сука кора и се ваѓаат мали кругчиња кои се редат на поголемо растојание и се печат само 8минути.Ако се меки се ваѓаат затоа што кога ќе се оладат се стврднуваат како бисквити.Се лепат по две со мармалад и одозгора се декорираат по желба.
Колачите се доста убави и колку повеќе одстојат се се помеки а тоа само ако немате термити по дома