Сочен чоколаден колач (Лоуренсов колач)
Состојки
- 180 гр чоколада за готвење
- 180 гр путер
- 4 јајца
- 120 гр кафејав шекер
- 1 пак. ванилин шекер
- 200 гр бадем
- 100 гр чоколада за готвење
- 50 гр путер
Подготовка
1.Се двојат жолчките од белките. Рерната се уклучува на 150 ст.С, а .калапот за печење се обложува со пекпапир.
2.Се топи чоколадата на пареа. Кога тоа е готово, се додава путерот и се меша додека се изедначи.
3.Изматените жолчки со шекерот и ванилата, постепено се додаваат на чоколадата.
4. Се додаваат сомелените бадеми и се меша со лажица.
5. Белките се матат во цврст снег и внимателно се вмешуваат во смесата. Целата смеса се истура во калапот со пекпапир.
6. Се пече 45 мин.на 150 ст.С, се вади од рерна но се остава усте 10 мин во калапот да се лади, па се вади на решетка да се долади. Потоа, колачот се префрлува во фризот на 45 мин. или на подолго во фрижидер, за добро да се излади.
7. За глазурата- се топи чоколадата на пареа, се додава путерот, добро се меша и се остава малку да се излади, па се прелива преку ладниот колач. Потоа колачот повторно се врака во фрижидерот добро да се излади.
При сервирање, може да се употреби Домашен сладолед(следи рецепт), по малку од слаткото што го имате и овошје. Или само да ставите парче од овој единствен колач, кој е прекрасен и без никакви додатоци.
ДОМАШЕН СЛАДОЛЕД
4 јајца
1 бурбон ванила
140 гр шекер во прав
300 мл павлака за матење
Припрема:
1.Се делат белките од жолчките и се ставаат во различни садови.
2.Жолчките се миксаат со ванилата се додека не се добие пенаста структура.
3.Се матат и белките во цврст снег постепено додавајки го шекерот.
4. Се мати и павлаката се додека не се добие цврст шлаг, се додаваат жолчките и на крај внимателно и белките.
5. Се става во замрзнувач, повремено мешајки да не се сталожат золчките на дното од садот.
овој рецепт е основен и може да се додаде каква сакате арома по желба, чоколада, овошје, бои за колачи,но и лешници, кикирики...
Овој рецепт е превземен од часописот на ББС- Гуд фуд и е навистина еден од најубавите рецепти за сладолед.