Селска манџа со колбаси
Состојки
- 600гр пикантни пушени колбаси
- 1-2 лажици мешан зачин
- 4 домати (а може и домати од конзерва)
- мала шолја ориз
- 3 компира
- 1 морков
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици палента (или гриз)
Подготовка
1. Се сечкаат компирите на ситни коцки од околу 1см и морковот на ситни кругчиња и се ставаат да се варат во 2л вода. Исечкајте ги и патлиџаните на ситни коцки од околу 1см нека ви бидат спремни. Ако можете, претходно потопете ги во врела вода и излупете ги.
2. Откако водата ќе почне да врие, додајте го и оризот да се вари. Повремено мешајте ако користите тенџере што може да залепи. Во меѓувреме исечкајте ги колбасите на кругови со дебелина од околу 1см.
3. По 10-тина минути додајте ги и патлиџаните и мешаниот зачин. Откако водата повторно ќе почне да врие, ставете ги и колбасите. По 5 минути додајте ја и палентата и маслиновото масло.
Совет: Пушените колбаси најдобро е да бидат со лук, со праз, како и суви пиперки.