Печени компири со сусам
Состојки
- 500гр компири
- 100гр сусам
- зачини по желба
Подготовка
Компирите ги лупиме, ги сецкаме на парчиња и ги ставаме да зовриат во вода. Потоа компирите ги цедиме од водата и ги ставаме во тепсија за печење. Го додаваме сусамот, малку црвена пипер, сол, масло, мешавина зачини, убаво ги мешаме и ги печиме.