Испечати

Динстано пилешко месо

Динстано пилешко месо

Состојки

  • 500гр пилешки стек
  • 1 крем супа од печурки
  • 150мл бело вино
  • 350гр печурки
  • 200гр кашкавал

Подготовка

Пилешкиот стек ситно го сецкаме, го свалкуваме во крем супата и го пржиме. Откако ќе се испржи ги додаваме печурките, пржиме и го додаваме виното. Го оставаме стекот настана на шпоретот да се динста. Кога убаво ќе извари виното го претураме стекот во тавче за печење и одгоре го рендаме кашкавалот и печиме.