Пилешка салата
Состојки
- 500гр пилешки стек
- 5 компири
- 2 јајца
- 1 пакетче златна мешавина
- 300гр мајонез
Подготовка
Пилешкиот стек, компирите и јајцата ги вариме, ја вариме и златната мешавина. Откако убаво ќе се сварат го сецкаме пилешкиот стек на ситни парчиња, ги сецкаме на коцки јајцата и компирите, им ја додаваме златната мешавина, мајонезот, солта и биберта и се убаво се меша.