Испечати

Меден колач

Меден колач

Состојки

  • 400гр вода
  • 300гр шеќер
  • 400гр брашно
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици какао
  • 1 пакетче сода бикарбона
  • 3 лажици масло
  • 1/2 пакетче канела
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 2-3 големи лажици мармалад по ваш избор

Подготовка

Водата, шеќерот, брашното, медот, какаото, содата маслото и канелата ги мешаме заедно со лажица. Кога се убаво ќе се соедини смесата ја оставаме да постои 15мин и потоа ја печиме во тавче обложено со хартија. Откако ќе се испечи и ќе се излади пандишпанот одгоре го премачкуваме со мармалад. На пареа го топиме чоколадото и одгоре го потураме со чоколадо. Го сечиме колачот на коцки.