Видео рецепт: Палента со Рузмарин
Состојки
Палентата е извонредна состојка која често се користи во италијанската кујна. На северот од Италија вообичаено е палентата да се служи почесто од паста. Денес ќе Ви покажеме начин на подготовка со рузмарин и уште некои вкусови за дополнителен ефект.
Состојки
- 1 супена лажица рузмарин
- 50 грама путер
- 100 милилитри млеко
- 150 грама палента
- 50 грама сирење
- 350 милилитри топла вода
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Ставете тава за сос на оган и во неа ставете млеко, гранчиња рузмарин, сол, бибер и маслиново масло. Оставете ги состојките полека да се загреат.
Кога млекото ќе биде пред зовривање и различните вкусови ќе почнат да се спојуваат, додадете ја топлата вода и почнете да ја додавате палентата.
Во оваа фаза на подготовката мешајте без престан додека водата се загрева и палентата почнува да се вари.
Мешајте, мешајте и мешајте додека палентата се загрева и нараснува.
При крајот го ставаме путерот за да добиеме вкус и текстура... измешајте го во смесата.
На крај ставете го сирењето. Овде ќе ни одговара било кое сирење со добра текстура.
Чекор 2: Време е за сервирање: Ставете ја палентата во чинија правејќи круг во средината. Овде ја сервираме со говедско рагу...
СОВЕТ: Палентата го поприма вкусот на состојките кои ќе ги ставите во неа... Поздрава е ако ја направите само со млеко и вода, но понекогаш може да ѝ недостасува вкус. Овде главна состојка е рузмаринот, а путерот и сирењето му даваат полн вкус на јадењето.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола