Тетина проја
Состојки
- 4 јајца
- 1 јогурт
- 1/2чаша зејтин
- 1 чаша пченично брашно
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 пециво
- 100гр сувомесно
- 100гр кашкавал
Подготовка
4 јајца се матат со малку сол ,се додава јогуртот, па зејтин и 1 чаша пченично и 1 чаша пченкарно брашно. На крај се додава и пецивото. Се става во подмачкан плех бр 28. Се потпечува малку, па се додава ренданото сувомесно и кашкавалот. Па се остава да се пече уште полчас на 160 степени.