Испечати

Куглов од моркови и спанаќ

Куглов од моркови и спанаќ

Состојки

  • 4 јајца
  • 14 големи лажици брашно
  • 1 пециво
  • 125 мл зејтин
  • 350 мл кисело млеко
  • 4 големи моркови
  • 150 грама шунка
  • 750 гр спанаќ

Подготовка

1. Морковите ги рендаме, а спанаќот го сецкаме ситно.
2. Во длабок сад ги истураме сите состојки и мешаме со лажица.
3. Смесата ја ставаме во калап намачкан со маргарин и печиме на 200 степени.
4. Декорираме со маслинки.