Чоколадно фигаро
Состојки
- 17 бискоти
- 250 грама сецкани ореви
- 150 грама маргарин
- 2 јајца
- 150 грама чоколадо за готвење
- 3 големи лажици шеќер
Подготовка
1. Бискотите ги мелиме.
2. Јајцата заедно со шеќерот ги матиме на пареа.
3. Чоколадото заедно со маргаринот ги топиме во сад за да се спојат состојките.
4. Кога смесата ќе стане хомогена, ја тргаме од оган и ги додаваме мелените бискоти, сецканите ореви и смесата од јајцата.
5. Мешаме и смесата ја додаваме во калап обложен со хартија за печење напрскана со кокос.
6. Кога ќе се олади може да се сече и да се служи.