Испечати

Обланди со алва

Обланди со алва

Состојки

  • 400 г таан алва
  • 400 г шекер
  • 300 г печени лешници
  • 250 г маргарин
  • 1 пакетче ванилин шекер
  • 1/2 пакување обланди
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло

Подготовка

Шеќерот се потопува со многу малку топла вода. Се додава 150 г мелени лешници и 150г ситно сецкани лешници, маргаринот и ванилката. Сето добро се промешува, па со топлата смеса се премачкуваат обландите. Обландите се притискаат со некој потежок предмет и се оставаат да отстојан некое време. Чоколадото се растопува со 1 лаж. масло и се прелива врз обландите и повторно се остава да стегне чоколадото