Овошна салама
Состојки
- 200 г смокви
- 100 г ореви
- 50 г џем од јагоди
- 150 г компот мешано овошје од конзерва
- 20 г какао
- 100 г суви сливи
- 150 г маргарин кристал
- 100 г шекер
- 150 г бисквити
- 2 листа обланди
Подготовка
Во влажна крпа ги свиткуваме обландите. Смоквите, сувите сливи и овошјето од конзерва ситно ги сечкаме и ги ставаме во подлабок сад. Со сукалка ги гмечеме оревите и ги додаваме во садот. Потоа во садот го додаваме џемот и кршените бисквити. Маргаринот го топеме и во него го додаваме шеќерот и какаото и мешаме да се растопат. И смесата од маргарин ја додаваме во длабокиот сад и месаме да се соединат. Доколку смесата ви изгледа сува може да се додаде и од компотот. Вака приготвениот фил го делиме на половина и секој дел го мотаме во листот од обланда