Копривче
Состојки
- 2 јајца
- 2 чаши јогурт
- 2 чаши пченкарно брашно
- 1 пециво
- 1 чаша масло
- 2 грста коприва (обарена)
- 100 гр сирење, малку сол
Подготовка
Многу е едноставно. сите состојки се мешаат и се тура во намачкан и набрашнет калап или тепсивче. Се пече на 200 ц додека порумени.
Нека ви е на здравје, ова време треба максимално да се искористи копривата која е благодет за организмот.