Чајни колачиња на мој начин
Состојки
- 1 пакетче кафе 3 во 1 ( јас ставив со вкус на лешник заради мирисот)
- 2 лајчиња еурокрем
- 1 лајче какао
- 200 гр маргарин
- 2 јајца
- 600 гр брашно
- 150 гр шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
Подготовка
1. Маргаринот се мати со шеќерот.
2. Се додаваат јајцата и повторно се бие. Па се додаваат какаото, ван.шеќер, еурокремот и кафето.
3. Потоа се додава брашното по малку и се меси тесто. (Јас додадов уште малку брашно зошто ми лепеше тестото)
4. Се сучи кора дебела околу 0.5см и се вадат форми.
5. Се печат на 200’С околу 10 мин.
6. Се украсуваат по желба со чоколадо.
Морав да ги испробам новите калапчиња за колачиња на Делимано и прекрасни се.
Колачињава се идеални за со кафе или чај.