Испечати

Меломакарона

Меломакарона

Состојки

  • 9 шољи брашно
  • 2 шољи сончогледово масло
  • 1 шоља маслиново масло
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица (растресена) каранфилче во прав
  • 2 пецива
  • 1/2 шоља исцеден сок од портокал
  • 1/2 шоља рум
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 тегла мед
  • 2 шољи вода

Подготовка

Сите состојки се мешаат и се меси тесто.
Се зема количина колку орев, се става парче орев внатре и се стега малку измеѓу прстите да се добие форма.
Се печат на 180ц  20 -  25 мин.
Се потураат со топол шербет откако ќе оладат.
Ова е поголема количина, Грците обично ги прават на почетокот на постите па имаат колачиња цело време затоа што долго траат. Секако, вие можете да ја намалите дозата. Преубави се, многу вкусни и мирисни.