Медено срце
Состојки
- 7 лажици зејтин (за глазура)
- 100 гр чоколадо (за глазура)
- 3 лажици какао
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 шолја кисела вода
- 5 лажици мармалад (или мед)
- 3 лажици зејтин
- 1/2 пакетче цимет
- 1 пакетче пециво
- 1 шолја шеќер
- 2 шолји брашно
- 4 лажици вода (за глазура)
Подготовка
Во сад за матење ставајте ги состојките по напишаниот редослед. Треба да добиете густа и хомогена смеса. Ставете ја во тавче за печење малку намачкано со масло и брашно. Ставете да се пече во ладна рерна, на 230 целзиусови степени. За тоа време направете го преливот, така што во мало тенџерче ќе ги ставите сите состојки за глазурата и на пареа растопете ги. Глазурата прелијте ја врз испечениот колач. Исечете на коцки и сервирајте го претходно убаво оладен во фрижидер.
*со која шолја ќе почнете да мерите, со таа продолжете да ги мерите сите состојки.