Кремаста не печена торта
Состојки
- 500 гр бисквити
- 1 пудинг од ванила
- 1 пудинг од чоколада
- 1 литар млеко
- 6 лажици шекер
- 4-5 лажици бел еурокрем
- 100 гр чоколада за готвење
- 250 гр маргарин
Подготовка
Најпрво ги правиме двата пудинзи, така што од како ќе го направиме чоколадниот додека е сеуште на шпорет ја додаваме искршена чоколадата за готвење и пола маргарин, па мешаме додека се растопат во пудингот . Исто така во пудингот од ванила го додаваме останатиот маргарин. Двата пудинзи ги оставаме да оладат.
Одкако ќе се изладат со миксер ги матиме за да добиеме убава смеса, а во пудингот од ванила го додаваме белиот еуро крем.
Започнуваме со правење на тортата и тоа - ставаме еден ред бисквити кои ги натопуваме по малку во ладно млеко, па ставаме од едниот фил, потоа пак ред бисквити па од другиот фил и се така додека не ги истрошиме филовити и бисквитите.
Од горе ја декорираме по желба.
Оставаме некој час да се стегне во фрижидер и ја сечеме на коцки.