Испечати

Пита со готови кори со спанаќ и сирење

Пита со готови кори со спанаќ и сирење

Состојки

  • 500гр. готови кори за пита
  • 500гр. чистен спанаќ
  • 250гр. сирење
  • 2 јајца
  • 150мл. масло
  • 100гр. путер или маргарин

Подготовка

1.Се намастува четвртаста тава.
2.Се редат по 3 кори и секоја се намастува со масло и на секоја трета кора се става филот од (претходно обарен) спанаќ јајцата и дробеното сирење.
3.На крај се оставаат две кори за да се затвори питата се сече на коцки и се ставаат парченца маргарин или путер.
4.Се пече во загреана рерна на 220ст. околу 25 мин.
5.Откога ќе се извади се попрскува со малку вода.