Испечати

Црвено - бело слатко од лубеници

Црвено - бело слатко од лубеници

Состојки

  • 1 кгр. кора од лубеница
  • 1.200 шекер
  • 2 лимона
  • 1 лажица вински оцет

Подготовка

1. Избере лубеница која е боја баш црвена-црвена, а кората да е во дебелина од 1,5 до 2 см. и исечете на кришки, подсечете ја, но притоа да оставите од црвениот дел околу 1,5 см.
2. Во тенџере ставете ладна вода, додајте го оцетот, кришките од лубеницата и варете се додека не забележите дека зелениот дел од кората станал прозирен.
3.  Извадете и исцедете ја кората од водата, во ладна вода измјите ја уште еднаш-два пати. Повторно исцедете и дури сега исечете ги корите на парчиња во која форма вие саката. Јас ги сечам со ребрест нож.
4. Во тенџере ставете го шеќерот, ставете вода колку да се облие шеќерот. Го варите во не многу густ шербет, па додајте ги веќе спремените кори. Ставете и исечениот лимон. Варете го.
5. Слаткото е готово кога ќе видите дека корите се прозирни - скоро стаклени.

СОВЕТ
Ова слатко наместо да го сечете можете и да ги изрендате кришките, исто така се добива интересен изглед.
Можете да ставете и ванила, но јас не користам.
Пазете да не го преварите слаткото бидејки шербетот добива друга боја, па така и слаткото.
Сега е рано за варење на ова слатко.... но забележав дека има само од кори, па да се надополнам и јас колку да знаете дека и вакво слатко постои.
Ви посакувам успех!