Колач со јаболки
Состојки
- 6 средни јаболки
- 7 филџани шеќер
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1/2 кесичка цимет
- 2 јајца
- 2 филџани зејтин
- 5 филџани брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
Подготовка
Јаболките се лупат и се рендаат во длабок сад во кој се додава шеќерот,содата и циметот и се оставаат да стојат 1 час. После 1 час се додаваат и останатите состојки и се пече во плекче бр.30 на 180С