Кечап плочки
Состојки
- 400 гр маргарин или маст
- 2 лажици црвена мелена пипер
- 2 лажици оцет
- 1 лажица сол
- 1 кг брашно
- 2 прашак за печење
- 1 белка (кечап, ориѓано, вегета, црн бибер)-за премачкување
- 300 мл ладно млеко
- 4 лажици сусам
Подготовка
Од состојките месиме тесто. Тестото го расукуваме на пола сантиметар дебелина, го оставаме малку да одмори и сечиме правоаголници, кои одозгора ги премачкуваме со белката, па ставаме бибер, вегета и оригано и најпосле ги шараме со кечап. Ги редиме на подмачкан плех и печиме околу 10 мин на температура од 200 степени.
Добар апетит!