Испечати

Рафаело колачиња

Рафаело колачиња

Состојки

  • 2 чоко стоби флипс
  • 300гр. кокос а може и повеке
  • 200gr. густин
  • 1 маргарин
  • 200гр. шекер
  • 1/2 л. млеко

Подготовка

Од млекото се вади една поголема шоља, а остатокот се става да зоврие.
Кога ќе зоврие се додава маргаринот и шеќерот да се растопи. Во млекото од шољата се става густинот, се мати постепено се додава во млекото кое врие на оган и се мати.  Откако ке се згусне се трга на страна и се додаваат 200гр.кокос. Сето тоа се меша заедно. Кога ќе се олади се формираат топчиња се валкаат во кокос одозгора на секое топче се става по едно топче од чоко стоби флипс и се посипуваат по желба со глазура од расатопено чоколадо на пареа со малку зејтин.