Полнети колбаси во сланина
Состојки
- 500 грама полутрајни колбаси
- 120 грама кашкавал
- 120 грама листови сланина
Подготовка
Колбасите се сечат на парчиња долги 5 сантиметри. Кашкавалот се сечка на стапчиња.Секое парче колбас се засекува попречно, а потоа во просторот се ставаат стапчињата со кашкавал и се замотуваат во лист сланина.
Во тефлонска тава се загрева малку масло, се ставаат колбасите со сланината надоле за да се залепи.Се пржат убаво од сите страни да заруменат.
Може да се сервира со компири.