Здрава супа
Состојки
- 5 големи лажици гриз
- 1 јајце
- 40 грама брокула
- 50 грама грашак
- 50 грама пашканат
- 50 грама морков
- 1 литар вода
Подготовка
Прво се става водата да зоврие. Во меѓувреме се сечкаат сите зеленчуци на ситни коцки па се додаваат во водата. Од јајцето ги разделуваме посебно белката и жолчката и ги матиме со виљушка убаво да дојдат пенесто. Потоа ги соединуваме и им го додаваме гризот па пак ги матиме убаво. Во супата го ставаме фидето а од смесата со гриз со лајче ставаме во супата за да се направат кнедлички. Вариме околу 10 15 минути. По желба може да се стави лимон.