Испечати

Посна руска салата

Посна руска салата

Состојки

  • 300гр компири
  • 300гр моркови
  • 300гр грашок од конзерва
  • 300гр растителен кашкавал
  • 300гр соја трошки
  • 400гр посен мајонез

Подготовка

Компирите и морковите се варат, потоа се сецкаат на коцки, грашокот се обарува, кашкавалот го сецкаме на коцки, а сојата се става во зовриена вода 10тина минути да набабри, да омекне, потоа убаво се цеди, сето ова заедно се меша, се додава мајонезот, и се декорира по желба.