Видео рецепт: Сендвич со шунка
Состојки
Едноставен сендвич, но со посебен вкус. Да, изгледа едноставно, но тајната е во состојките. Дозволете ми да Ви ги откријам.
Состојки
- 1 мал багет
- 30 грама Парма Шунка
- 50 грама Моцарела
- Половина Зелена Пиперка
- 1 супена лажица Сенф
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Пресечете го багетот на половина и подгответе го да ги поприми сите вкусови. Почнете со сенфот – можете да користите сенф по Ваш избор. Следна е Парма шунката – ако сакате посебен вкус немојте да штедите, купете квалитетна шунка.
Чекор 2: Истото важи и за сирењето – исечете ја моцарелата на мали парчиња, покријте ја шунката со нив и замислете што ќе се случи подоцна во рерната. Ставете само малку масло одозгора за да биде посочно.
Чекор 3: За да го направите посвеж, во сендвичот можете да го ставите Вашиот омилен зеленчук. Јас одбрав зелена пиперка бидејќи тоа имам во моментов. Сега сте готови со редењето.
Чекор 4: Време е за топење – ставете го сендвичот во рерна 5-7 минути. Потоа можете да уживате во овој домашен сендвич. Пресечете го на половина и сервирајте го во чинија или изедете го додека е жежок.
СОВЕТ: Ако брзате, сендвич е совршен избор. Кој Ви е омилен домашен сендвич? Испратете ми го рецептот и сигурно ќе го пробаме, ми тргна!
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер