Руска салата
Состојки
- 3 варени компири
- 3 варени јајца
- 500 грама салама
- 200 грама кашкавал
- 1 тегла мајонез
- 1 тегла кисели краставички.
Подготовка
Компирите и јајцата се рендаат. Саламата и кашкавалот се сечкаат на ситни коцки. Исто и краставичките кои може малку да постојат за да се исцедат. Сите состојки се мешаат се додава малку сол и на крај се тура мајонезот. Се декорира по желба. Во случајов со ружа од дајкун.