Испечати

Торта со јогурт

Торта со јогурт

Состојки

  • 500 милилитри јогурт
  • 9 лажици шеќер
  • 500 грама бисквити
  • замрзнато овошје вишни, јагоди, цреши, малини ( било што)

Подготовка

Се матат јогуртот и шеќерот додека се стопи шеќерот.
Во таа смеса се кршат бисквитите, може по желба да се стави крем банани, се става и смрзнатото овошје. Се меси убаво за да може да се обликува. Се прави форма (круг, правоаголник како сакате) и одозгора се става шлаг или рендано чоколадо.