Ледени јаболка
Состојки
- 1 килограм Јаболка
- 600 мл вода
- 150 грама шеќер
- 2 пудинзи ванила
- пола лажиче цимет
- 400 грама бисквити
Подготовка
Јаболката се мијат, лупат, рендаат и се ставаат во водата 5-10 минути да се варат. Пудинзите се раствораат со 12 лажици вода.Кога ќе се сварат јаболката се додаваат заедно со циметот па се заедно се вари 5-10 минути со постојано мешање. Во еден плех се реди ред бисквити, па се става од јаболката, пак бисквити, па јаболка и се завршува со бисквити. Откако ќе се излади се премачкува со шлаг и се декорира со рендано чоколадо.