Пита со јаболка и слатко од смокви
Состојки
- 1 јајце
- 7 лажици млеко
- 75 гр маргарин
- 100 гр шекер
- 400 гр брашно
- половина тегла слатко од смокви,
- 500 гр јаболка
- 1-2 лажиче цимет
Подготовка
Најпрво ги чистиме јаболката, ги рендаме и потоа ги ставаме во тенџере на оган, ги преливаме со вода и ги оставаме се сварат убаво. Мешаме додека не изврие сета вода и потоа го додаваме слаткото од смокви и циметот.
Во друго тенџере на оган го ставаме млекото, маргаринот и шеќерот, додека да се растопи маргаринот и потоа заедно месиме со брашното и јајцето, се додека не добиеме глатко тесто. Од тестото правиме кора и ја ставаме во тепсија бр.30, потоа ставаме од филот и ја декорираме. Печеме околу 25-30 минути на 200 степени.
Откако ке се испече ја сечеме на парчиња и ја наросуваме со шеќер во прав.