Испечати

Торта без име

Торта  без име

Состојки

  • тесто- 1,5 чаша шеќер
  • 1,5 чаша млеко
  • 2,5 чаши брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка пециво
  • 3 лажици мармалад
  • фил:1 литар млеко
  • 7 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 чоколадо по избор
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Мерките се со чаша од 250 мл.

Состојките за тестото се мешаат со лажица и се состава да отстои 15-20 мин. Се пече на 200 степени 20-25 мин.

Подготовка на филот
Од млекото одвојте пола шоља, а остатокот ставете го да зоврие со ванилата и  5 лажици шеќер. Одвоеното млеко измешајте го со густинот и преостанатиот шеќер. Кога ќе зоврие млекото полека додавајте го смесата со густин со постојано мешање. Кога ќе го додадете целото млеко ставете на рингла да зоврие за да се згусне но мешајте да не загори. Тргнете го на страна додадете го шоколадото и мешајте да се соедини. Со вака подготвениот фил филувајте го тестото и украсете по желба.