Испечати

Посни визитарски слатки

Посни визитарски слатки

Состојки

  • 450 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 200гр кокос
  • 500гр бисквити
  • 100гр ореви
  • 100гр чоколадо

Подготовка

Бисквитите и оревите се мелат. Во сад додаваме кокос, бисквитите и оревите и сето го промешуваме. Шеќерот и водата се ставаат на оган да зовријат. Добиениот шербет се тура во смесата и сето се замесува. Од оваа смеса со калапчиња се прават форми. Чоколадото се топи на пареа и секое добиено слатко од калапчето се мрцка во стопеното чоколадо. Одозгора можи да се попрска со бело чоколадо или бисерчиња.