Испечати

Домашно макало

Домашно макало

Состојки

  • 5 лукчиња
  • 50 гр мелени ореви
  • 1лажица масло
  • 1лажица сол
  • 100 мл вода

Подготовка

Лукот се толчи со маслото и солта. Се толчи повеќе време за да дојди макалото бело.Откако ќе се истолчи се додаваат оревите и водата. Сето се промешува. Ако не дојди бело макалото значи не е истолчено како што треба.