Полнети корпиња со чоколадо
Состојки
- 50гр бисквити
- 100гр ореви мелени
- 150гр шеќер во прав
- 100мл вода
- 100гр чоколадо за готвење
- 100гр желе бонбони
Подготовка
Бисквитите и оревите ги мелиме. Во тенџере ги ставаме водата и шеќерот на оган и мешаме додека не се растопи убаво шекерот. Откако ќе зоврие водата ги додаваме оревите и бисквите и се убаво мешаме. Чоколадото го топиме и во секое корпе тураме по едно лајче од растопеното чоколадо и едно лаче од филот, одгоре над секое корпе ставаме сечкани желе бонбони во различни бои.