Испечати

Сладолед со банани и путер од кикирики

Сладолед со банани и путер од кикирики

Состојки

  • 4 банани
  • 2 лажици кремаст путер од кикирики
  • 2 лажици какао

Подготовка

Излупете ги бананите и сечете ги на кругови. Ставете ги во замрзнувач неколку часа и потоа ставете ги во блендер и блендирајте ги додека не станат кремасти. Додадете го путерот од кикирики и какаото и измешајте ги заедно.
Потоа можете да го ставите повторно во замрзнувач, но убаво е и без повторно замрзнување.