Испечати

Колачи со Нутела

Колачи со Нутела

Состојки

  • 3 лажици путер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/4 чаша млеко
  • 1 лажица какао
  • 3 лажици еурокрем (препорачувам Nutella)
  • 2 чаши овесни снегулки

Подготовка

Се става путерот во сад на среден оган да се стопи и потоа се додаваат шеќерот, млекото и какаото и се мешаат. Потоа се додава еурокремот и овесните снегулки. Се намалува оганот на најслабо и состојките се мешаат додека не се соединат.
Се прават топчиња со лажица за сладолед и се ставаат во фрижидер околу 30 минути.

П.С. Мислам дека нема потреба да ви кажам колку се вкусни. :)