Ржани солени коцки
Состојки
- 200 гр ржано брашно
- 400 гр бело пченично прашно
- 5 кисели краставички
- 100 мл маслиново масло
- 2 лажици темен шеќер
- 1 пакетче сув кавасец
- 1 пакетче прашак за пециво
- сол по вкус
- малку морско оревче и ѓумбир во прав
- вода по потреба
- 2 кремвиршли и сув магдонос
Подготовка
Сите продукти (краставичките изрендани) ставете ги во вангла и додавајќи вода измесете меко тесто.
Ставете го тестото во намачкана правоаголна тепсија и со намаслени раце растегнете го. Виршлите исечете ги на тркалца и стиснете ги во тестото. Оставете го половина сат да скисни. Наросете со сув магдонос и печете на 180 степени додека не порумени.